Правила за поени и купони
Важи од 1.11.2026
Поени и купони добивате кога нарачувате на marshal.mk најавени на својот профил. Важат само за нарачки на сајтот, не и за купување во продавницата.
Како заработувате поени
- За секоја нарачка добивате 3% од износот што навистина го плаќате, по сите попусти, купони и поени, без доставата. Се заокружува надолу.
- 1 поен = 1 денар.
- Производ на попуст до 30% носи помалку: 1,5%.
- Производ на попуст над 30% не носи поени.
- Бонус: 100 поени за регистрација. Се добиваат со првата испорачана и платена нарачка.
Кога можете да ги користите
- Поените се на чекање додека нарачката не биде испорачана и платена, и уште 7 дена потоа. Потоа се активни.
- Ако нарачката е откажана или одбиена, поените од неа се бришат, а поените што сте ги потрошиле на неа ви се враќаат.
Како ги трошите
- Поените ги трошите кога ќе соберете најмалку 300, на нарачка од најмалку 1.500 ден.
- Со поени плаќате најмногу 30% од кошничката. Остатокот секогаш се плаќа во пари.
- По производ: до 30% од цената ако е по редовна цена, до 15% ако е на попуст до 30%. Производ на попуст над 30% не се плаќа со поени.
- Сите попусти заедно (акција, купон и поени) не ја намалуваат цената на производот за повеќе од 50% од редовната. Секој производ има и своја најниска цена.
- Во кошничката гледате колку поени имате, колку можете да искористите на таа нарачка и колку ќе заработите.
- Поените не се менуваат за пари и не се пренесуваат на друг профил.
Истек
- Поените истекуваат 12 месеци откако ќе станат активни.
- Поените од тркалото на среќа истекуваат за 30 дена.
- Ќе ве потсетиме по е-пошта 30 и 7 дена пред истекот.
Купони
- На една нарачка важи еден купон.
- Купонот се пресметува по акциската цена, а пред поените.
- Секој купон има свои услови: рок, најмала кошничка, понекогаш само одредени категории или производи. Ги гледате на својот профил.
- Личниот купон важи само за вашиот профил.
- Прагот за бесплатна достава се смета по попустот од купонот. Поените не ја менуваат доставата.
- Ако купонот не носи попуст за таа кошничка, не се троши и ви останува.
- Ако нарачката е откажана или одбиена, купонот повторно важи до својот рок.
Тркало на среќа
- За да вртите, ви треба профил со потврдена е-пошта.
- Вртите еднаш на 7 дена, и уште 1 пат по секоја испорачана нарачка.
- Секое вртење добива награда. Резултатот го одредува нашиот сервер пред тркалото да тргне, не вашиот уред.
- Купоните од тркалото важат 72 часа, за кошничка од најмалку 1.500 ден., и не се комбинираат со друг купон.
- Поените од тркалото важат 30 дена.
- Едно вртење на профил и на телефонски број во истиот период.
Награди:
- 20 поени
- 5% попуст
- 50 поени
- Бесплатна достава
- 10% попуст
- 100 поени
- 20% попуст
Наградата што ќе го достигне својот дневен или месечен лимит привремено не е на тркалото.
Измени
Ако ги смениме правилата, се менува датумот горе. Поените што веќе ги имате остануваат ваши.